Вести Македонија Топ вести

Една година кризна состојба во затворот „Идризово“

Навршува една година од прогласувањето на кризна состојба во затворот „Идризово“. Причина за тоа беше недостатокот на затворски персонал.

Апсењето на 17 припадници на затворското обезбедување во КПУ „Идризово“ кои му помагале на затвореник да избега, го отвори прашањето дали и прогласената кризна состојба поради немање на стражарска служба станува уште покритична.

Од Управата за извршување на санкции велат дека и покрај ваквите случувања, во затворот е мирно.

Државата првпат прогласи кризна состојба во затворот во јуни во 2023 година, а причина беше малиот број на ангажирани затворски стражари. Ова ја отвори можноста и АРМ да биде вклучена во обезбедување на објектот, но само од надворешна страна.

Од тогаш се случија неколку инциденти во затворот „Идризово“, меѓу кои последниот е со приведувањето на стражарите. Вкупно во затворот има 125 осуденици, а според синдикатот на затворската полиција, стандардите се еден чувар на еден затвореник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе