Локомотива и три вагони со 90 тони нафта изгоре во близина на транссибирската железничка пруга.
Огромниот пожар на железничката станица „Комбинацка“ зафатил околу 10.750 квадратни метри, додека 58 пожарникари со часови се обидувале да го изгаснат пожарот.
Локални извори тврдат дека до инцидентот дошло по краток спој. Нафтените капацитети се главна мета на украинските дронови.
Неодамна, Русија беше принудена да го ограничи извозот и да увезува нафта од Белорусија, поради нападите врз нејзините енергетски капацитети.
Пожарот во Омск се случи 48 часови по нападите на украинските напади на неколку руски складишта за нафта. На мета беше и фабриката за гориво во Смоленск, која што се наоѓа во близина на украинската граница.