Вести Македонија Топ вести

Османи се симна на железничка во Киев – прво посета на Бородјанка, па средби со украинскиот државен врв

Шефот на македонската дипломатија и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, утрово пристигна на Главната железничка станица во Киев и ја почна посетата на Украина.

Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија.

Во рамките на посетата, предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина.

Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето – состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!,

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе