Вести Македонија Топ вести

Проблемот на превозниците заглави во институциите

„Крпен живот“. Ваков живот живеат 500 семејства кои поради милионскиот долг од ЈСП останаа без плати. Велат на раб на издржливост се затоа што откако се намалила, па запрела исплатата на неделните паушали, превозот прво го покривале сами, од сопствени заштеди, со кредити и други позајмици, а сега се препуштени на случајот.

Два од трите услови на премиерот Ковачевски се прифатени. Град Скопје да биде дел од процесот на преговори и автобусите на приватните превозници да не го блокираат функционирањето на градот. Остана уште третиот. УЈП да го достави извештајот до Владата за работењето на ЈСП, Слобода превоз и Макекспрес. Но според информации на Телма премиерот не ни побарал од управата да му го достават извештајот, додека пак тој на прашање на Телма одговори дека ги чека извештаите за старт на преговорите.

Како службени лица, сме должни како даночна тајна да ги чуваме сите документи, информации, податоци или други факти за даночниот обврзник до кои сме дошле во даночна, прекршочна или судска постапка, а во даночна постапка влегува и постапка по надворешна контрола при чие спроведување сознаваме суштински информации/службени информации, факти, докази по кои следува натамошниот исход од постапката и сoгласно кое начело можеме да дадеме/доставиме информација само кога тоа од УЈП ќе се побара од страна на надлежен орган, велат од ујп.

Проблемот кој требаше да биде само должничко-доверителен а стана граѓански заглави низ институционалните лавиринти. Телма дознава и дека во ЈСП контрола врши Финансова полиција и одделението за инспекција за патен сообраќај и инспекција за патишта од град Скопје. Приватните превозници со нивните барања ја чекаат трио средбата во Влада за решавање на проблемите, која стана историска. По нив чекаат и граѓаните заглавени на автобуските постојки и гужвите во автобусите на ЈСП, кои се со редуциран возен ред.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе