Вести Македонија Топ вести

Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните со еден бод за транспарентни веб-страници, претседателот на РМС во средина

Агенција за разузнавање, Комисија за спречување и заштита од дискриминација и Агенција за млади и спорт се на дното на табелата меѓу институции со најнетраспарентни интернет страници,  стои во извештајот на Агенцијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Од максимални 52 бодови нула има Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи, a само еден бод има Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во РСМ.

Од 120 институвии на 66-то место е рангиран Претседателот на Република Северна Македонија со 33 бода за транспарентна веб страница.

Цел на мониторингот биле 22-те категории на информации, согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и нивното доследно објавување на веб-страните на имателите на информации. Во тие категории се наоѓаат податоци од адреси, телефонски броеви и мејлови на институциите, па до објавените закони, правилници, стратегии, годишни буџети, ревизии и огласите за јавни набавки.

Од 120-те анализирани институции, само 25 имале повеќе од 40 бода, односно влегле во категоријата „високо ниво на транспарентност“. На врвот за 2022 година е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со 49,5 бодови, додека на првите пет места се уште и Министерството за одбрана, Министерството за финансии, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Државниот пазарен инспекторат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе