Вести Македонија

Избран стратешки инвеститор за Ски-центарот „Попова Шапка“

Италијанската компанија „ТехноАлпин“ е избран за стратешки инвеститор за Ски-центарот „Попова Шапка“. Нивниот план за развој и модернизација на постоечките скијачки терени и подобрување на примарната инфраструктура доби зелено светло на денешната владина седница.

Инвестицијата со вкупна вредност од186 милиони евра треба да се реализира почнувајќи од 2023 година во 6 инвестициски фази.

Би имала инвестиции во два нови хотели, нови ски стази за скијање, од горната станица лево на двоседот Свети Илија предвидени се нови паркинкг места и нови пристапни патишта, исто така реновирање на хотелот Славија. Инвестиција во нов систем за вештачки снег, кој во првата фаза би ги покривал стазите Аеродром, Св. Илија, ГЕ и Тетекс, информираше Адем Авзиу.

За почеток на активностите на терен најпрво треба договорот со компанијата да помине и во Собранието.

После ова следуваат преговорите околу разјаснување на сите точки и дообјаснување на договорот со стратешкиот партнер и нашата Влада, што треба да помине во Собрание на Република Северна Македонија, вели Авзиу.

Инаку понудата доаѓа од компанија производител на системи за правење снег од Јужен Тирол, Италија. На нивната интернет страница стои дека работи од 1990 година, а има 16 подружници низ светот и повеќе од 600 вработени.

Произвеле повеќе од 120.000 снежни топови, но и други компоненти, како што се пумпните станици и софтверот, а имаат понуда на гардероба и други додатоци.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

(Видео) Над 70 торнада направија пустош во САД, најмалку три лица се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе