Вести Македонија Топ вести

Давидовиќ во „Топ тема“: Кога обвинител ќе настрада при „закачување“ со висок функционер од извршната власт, јасно е колку длабоко е навлезена политиката во правосудството

Ако имате висок функционер од извршната власт кој се закачил, условно кажано, со обвинителот за организиран криминал и корупција, па обвинителот настрадал, јасно е за што се работи и колку длабоко е навлезена политиката, потенцира адвокатот Звонко Давидовиќ во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Да не одиме понатаму, каде што истакнат правник е политички кадар кој е вдомен во Советот на обвинители со судскиот Совет, да не одиме понатаму, Бадентеровото мнозинство, односно балансерот, кој одредени одлуки става на ниво на национална припадност, а не правна аргументација и правна логика, и каде што квалитетот на доаѓа до израз, туку доаѓа националната припадност. Зошто го кажувам ова? – Ако некој конкурира во Академија и е Македонец, може да има многу висок број на бодови и да котира меѓу првите 100, но никогаш да не стане судија, односно да не влезе во Академијата, затоа што квотата за Македонци е исполнета, па да дојде Албанец, Србин или било кој од другите националности, со половина помалку од неговите бодови и половина помалку од неговиот квалитет“, истакна Давидовиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илјадници починати, милиони изложени на радијација – светот одбележува 38 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Дејан Дејан

Поплавени простории на третиот кат, вода се слеала до подрумот – пукнала цевка од парното на Токсикологија

Дејан Дејан

Основците и средношколците од понеделник на еднонеделен пролетен распуст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе