Вести Македонија Топ вести

Влегол со автомат во казино во Лешок, го репетирал и одзел над 5.000 евра – притвор за 28-годишен жител на Непроштено

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок, ја репетирал, им наредил на вработениот и на персоналот да легнат на под и одзел над 300.000 денари од касата. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, кој е осомничен за разбојништво и поседување на автоматска пушка.

„На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

На тој начин, како што се додава во дописот, осомничениот сторил кривично дело – „Разбојништво“ по член 237, став 4, во врска со став 1, како и кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396, став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе