Вести Свет

Илон Маск предложи план за Украина со Крим за Русите-ги налути Украинците кои бараат САД да ја врати Аљаска на Русија

Преку својот Твитер профил, најбогатиот човек на светот Илон Маск организира гласање за негов предлог како да се заврши војната во Украина.

Се состои од неколку точки во некои е застапено руското гледиште. Првата точка е повторно да се организираат референдумите во 4-те региони под надзор на ООН па доколку луѓето навистина сакаат во Русија да се спроведе анексија, а во спротивно руските сили на Путин да си заминат.

Крим да остане во Русија како што било во 18-тиот век, за да се исправи грешката на како што вели Маск, Хрушчов во чие време како советски лидер, полуостровот е додаден на Украина.

На тој начин се решава водоснабдувањето на Крим, а последната точка е Украина да остане неутрална.

На гласањето “за” или “против” за предлогот на Маск, резултатите на неговиот профил покажуваат 60% несогласување со неговата идеја.

Сопственикот на Тесла и на Спејс Икс дополнува како смета дека крајниот резултат на војната ќе бидат неговите предлози, но со помалку жртви и разурнување и со спречување на употреба на нуклеарно оружје.

Маск од почетокот на војната со својот сателит Старлинк обезбеди бесплатен интернет за Украина, но по предлогот доби благодарност за тоа и силна осуда за неговото “мировно” решение.

Украинците ну порачаа дека се против неговата идеја која ја сметаат за легализирање на злосторства и агресија врз суверена држава.

Тогаш вратете ја Аљаска на Русите. И таа била руска, а Путин ги собира руските земји, му порача Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за надворешни работи.

Протестираа и украински пратеници и министри, а имаше и контра референдуми на предлогот на Илон Маск. Меѓу нив беше и оној на украинскиот претседател Зеленски кој прашува преку Твитер за кој Маск ќе гласате. Оној кој е за Украина или оној кој е за Русија.

Со резултат од  околу 90 % од “излезените” на гласање, следбениците на  Зеленски порачаа дека повеќе го сакаат “украинскиот” Илон Маск.

Маск е влијателен милијардер од САД, роден во Јужна Африка, а школуван во Канада. Како главен директор на Тесла е најзаслужен за пробивот на ова возило на светскиот пазар.

Лани Times го прогласи за личност на годината, сега има проценето богатсво од околу 238 милијарди долари. Не успеа да го купи омилениот Твитер, а го сметаат за апсолутист во бизнисот кој ги малтретира работниците да работат и по 80 часови неделно и на работното место и по дома.

При кризна состојба во 2018-та спиел на под во фабрика за производство на Модел 3 на Тесла за да им даде пример на работниците на кои постојано им пишува мотивациски масовни мејлови за да ги мотивира со награда (морков) или со казна и закана за отказ (стап).

Има 51 година, има десет деца, а од вечерва и со гнев неприфатен мировен план за Украина.

Миомир Серафиновиќ

Украинските сили ги пробија руските линии на фронтот во регионот Херсон

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе