Свет

Украинските сили ги пробија руските линии на фронтот во регионот Херсон

Украинските сили денеска јa пробија руската одбрана во стратешки важниот регион Херсон и брзо напредуваат долж реката Днепар, со можност да опкружат илјадници руски војници, што претставува нивни најголем успех на југот на земјата од почетокот на војната, јави агенцијата Ројтерс.

„Непријателот успеа да навлезе во длабочина на нашата одбрана со тенковски единици во правец на Золотаја Балка и Александровка“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков во неговиот редовен дневен брифинг и додаде дека „руските сили зазеле одбранбена позиција и продолжиле со масовни напади“.

Од официјален Киев сè уште нема потврда на тоа.

„Ова ги одразува неодамнешните големи успеси на Украина на истокот од земјата, кои направија пресврт во војната, иако Москва ја зголеми ескалацијата со анексија на освоените територии, прогласувајќи делумна мобилизација и заканувајќи се со нуклеарна одмазда“, коментира агенцијата.

– Информациите се напнати, да се изразиме така, бидејќи, да, навистина имаше пробив“, изјави Владимир Салдо, проруски функционер во окупираната област Херсон, за руската државна телевизија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе