Вести Македонија Топ вести

Ковачевски: Владина делегација положи цвеќе на гробот на Делчев и со тоа е исполнета обврската

Премиерот, Димитар Ковачевски, и денеска без конкретен одговор зошто вчера не беше на гробот на Гоце Делчев, со објаснување дека владини делегации ја исполниле обврската да положат цвеќе за Гоце секаде каде било потребно.

Лидерот пак на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, и денеска како и вчера пред новинарските камери не кажа ни збор за Делчев, откако и тој вчера го заобиколи гробот на Делчев, а кого опозициската партија го именува за апостол на македонската револуцинерна борба.

Во Бугарија пак одбележување на смртта на Делчев, кого Софија го смета за бугарски револуционер, помина во знакот на шефот на држават, Румен Раде, кој го искористи чествувањето на Делчев за тричасовна конференција од која Македонија повторно беше обвинета за крадење на историјата и за национализам.

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, за разлика од своите претоходници пак вчера не  се појави никаде за да му оддаде почит на Делчев, дури ни со објава на фејсбук, иако токму Петков пред три недели, придружуван од сите политичи партии, вклучително и опозициските, во Битола го отвори клубот именуван според „Ванчо Михајлов“.

А токму бугарската опозиција денеска го обвини Петков за водење на двојна политика кон Македонија, односно дека работи ан кревање на ветото за земјава.

Очигледен е ангажманот на премиерот за кревање на т.н. вето без да се исполнат условите. Има многу сигнали за тоа иако тој многупати тоа го одрекувал тоа. Во последно време министерката за надворшени работи, самото министерство,  експертите кои ги воделе тие разговори и конзистентната бугарска политика велат дека се исклучени од таа тема“, изјави Екатерија Захариев, поранешен МНР на Бугарија и пратеник од ГЕРБ

Истовремено и македонската опзоцијата со обвинувања до македонската власт дека во преговорите со Бугарија подготвува предавство.

Премиерите пак на двете влади и Ковачевски и Петков, кои пред два дена во Александропули беа на пуштање на гасниот треминал не ни разговарале за спорот, како што информираше денеска Ковачевски, велејќи дека средбата била протоколарна.

Но ако Ковачевски и Петков не разговарале, за надминување на спорот со секој одделно разговарале американските претставници. Стејт депратментот денеска потврди дека САД на билатерална основа водат разговори со двете земји за да го надминат билатералноиот спорови, бидејќи е време Северна Македонија и Албанија да ги започнат предпристапните преговори со ЕУ. За забрување на процесот, од Стејт департментот потврдија дека минатата недела телефонски разговарале американскиот државне секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле, но без изнесување повеќе детали од разговорот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе