Македонија Најважни

Ескобар: Амбасадата на САД во Софија работи на решавање на проблемите на македонското малцинство во Бугарија

Aмериканската амбасадорка во Софија работи на решавање на прашањата со прекршување на човековите права, рече заменик помошникот на Државниот секретар на САД, Габриел Ескобар, На сослушувањето за ангажманот на САД на Западен Балкан на поткомитетот за надворешни работи за Европа во Претставничкиот дом.

„Нашата амбасадорка во Софија, заедно со нејзините европски партнери, работи на терен да осигура дека овие проблеми ќе бидат адресирани. Нашето партнерство со европските партнери е засновано на вредности, не само на заедничкиот интерес, туку и на споделените вредности и сè што ја нарушува таа врска е причина за голема загриженост за нас“, кажа тој.

Конгресменката Клаудија Тени потсети дека Бугарија има 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување човековите права и правото на здружување на македонското малцинство.

Еве дел од дебата во Претставничкиот дом

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе