Македонија Топ вести

Што по ветото од Бугарија?

Европската унија има механизми со кои би ја убедила Бугарија да го тргне ветото за Македонија, но за тие да се активираат земјава треба прашањето со Бугарија да го претстави како прашање на клучните земји членки, пред се на Германија и на Франција. Според Симонида Кацарска од Институт за европска политики ова е едно можните сценаријата за излез од лимбо ситуациијата во ЕУ со непопуштањето на Бугарија да се согласи за старт на преговорите со Македонија, иако не е исклучена и можноста за одолговлекување на целиот процес.

„Веројатно некој период ќе се оди на кондиција, имајќи во предвид дека претстојат избори во Германија, претстојат избори во Франција, како двете клучни земји во ЕУ. Позади сцената има сигурно многу механизми кои што можат да се применат доколку на земјите-членки ова прашање им е доволно важно. Веројатно нашата најголема задача е да го претставиме ова прашање кака прашање од важност на клучните земји-членки, пред се Германија и Франција“, вели Кацарска.

Во спротивно постои ризик прашањето со Македонија подолг временски период да стане фуснота во заклучоците на Советот на ЕУ. Во контекст токму на Европскиот совет кој денеска и утре се одржува во Брисел, по неуспехот на Советот за општи работи да постигне консензус, според Кацарска, нејасно е какви би биле и дали воопштои би имал заклучоци за Западниот Балкан.

„Ни сме биле во вакви слични ситуации. Мислам дека е исклучително важно да не паднеме во некој вртлог на самосожалување и мораме да изнајдеме сили преку кои ќе работиме и на испорачување на клучните рефорсмки активности дома и да ги градиме своите позции кај клучните европски парнери, бидејќи мислам дека има се уште простор да дел од земјите-членки се убедат, а ги убедиме во исправноста на нашата позиција“, е ставот на Кацарска.

Дијалогот со Бугарија, вели Кацарска, мора да продолжи, но внимателно и без големи очекувања поради нови избори таму на есен, овојпат претседателски. За португалскиот прелдог за решени кој сега ќе го наследи Словенија како иден претседавач со Унијата, таа очекува поконкретно да се најде на маса и да се дискутира по изборот на новата влада и претседател во Бугарија.

„Не верувам дека словенечкото претседателство ќе излезе со нов предлог. Мислам дека ќе го користи, барем за почеток, португалскиот предлог“, смета Кацарска.

Нејзин став е дека Македонија освен на европскиот пат, треба да работи и на јакнење на сратешкото партнерство со САД, на кое можеби досега не бил ставен доволен фокус, но во никој случај таа во тоа не гледа алтернатива за евроинтеграциите.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Детето кое нападна ученици и наставничка да биде испишано – родители на деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со петиција до МТСП

Дејан Дејан

Една година кризна состојба во затворот „Идризово“

Дејан Дејан

Илјадници починати, милиони изложени на радијација – светот одбележува 38 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе