Вести Македонија Топ вести

Вработените во геријатрија бараат повисоки плати, трансформација на определено во неопределено работно време и бенефициран стаж

Независниот синдикат на Геријатрија ги повтори своите барања за нов колективен договор, покачување на платите и трансформација на договорите од определено на неопределено време. Велат дека условите за работа во одредени здравствени установи се катастрофални и апелираат да се распишат огласи за нови вработувања. Министерството за здравство со став дека активно се залага за унапредување на статусот на здравствените работници и дека платите до сега биле два пати покачени.

Линерно покачување на платите за сите вработени, промена на колективните договори, бенефициран работен стаж, трансформација на определено работно време во неопределено и зголемување на инфективниот додаток побара Независниот синдикат на  Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје.

  • Колективните договори за нас во здравство, особено Општиот колективен договор воопшто не е добар, затоа што усогласување на минималната плата со колективниот договор и Законот за минимална плата не се усогласени. Треба да се направат измени и во Законот за минимална плата и во Општиот колективен договор. Договорците што се на дело во овој момент страдаат повеќе затоа што доаѓаат на работа саботи, недели и празници, а работат за 20.175 денари колку што е минималната плата. Тие се криминални договори, затоа што во законот за работни односи постојат само два договори: договор на определено работно време и договор на неопределено работно време- Лазо Костоски, претседател на Независен синдикат на ЈЗУ Геријатрија и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје. 

Во однос на протестите на Независниот синдикат, Министерството за здравство со став дека активно се залага за унапредување на статусот на здравствените работници.

  • Министерство за здравство: За таа цел, два пати веќе се покачуваат платите на здравствените работници. Еднаш во првата половина на минатата година се покачија за 2000, 2500 и 3000 за три различни групи здравствени работници. А  на 9 октомври имаше ново покачување од 10%, плус договорена е исплата на регрес на крајот на годината.

Двете покачувања меѓудругото се резултат на заложбата за подостоинствен приход, велат од Министерство за здравство. Сепак, реализацијата се одвива во рамки на буџетските можности, стои во дописот на надлежното министерство.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе