Вести Свет Топ вести

Иран се закани дека каква било акција против него ќе наиде на сериозен одговор

Иран ќе одговори на какви било активности против неговите интереси, рече претседателот Ебрахим Раиси, еден ден откако Израел предупреди дека ќе одговори на нападот извршен од Техеран минатиот викенд со беспилотни летала и проектили.

Категорично изјавуваме дека и најмалата акција против иранските интереси сигурно ќе наиде на сериозен, широк и болен одговор за секој сторител, му рече Раиси на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.

Началникот на израелската армија Херзи Халеви вчера изјави дека иранскиот напад врз Израел, како одмазда за бомбардирањето на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, бара одговор.

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери Кани изјави на државната телевизија доцна синоќа дека контраофанзивата на Техеран, по каков било израелски одговор, ќе дојде „во рок од неколку секунди, имајќи предвид дека Иран нема да чека 12 дена за да реагира“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе