Вести Свет Топ вести

Плинска боца предизвика пожар во 16-катница во Истанбул – загинаа најмалку 29 лица

Експлозија на плинска боца го предизвикала пожарот што избувна вчера во 16-катница во квартот Бешикташ во Истанбул. Според турските медиуми, најмалку 29 лица загинале во пожарот, а едно лице е тешко повредено, јавија турските медиуми.

Во експлозијата се запалиле градежни материјали во двата подземни ката на зградата. Во приземјето е ноќниот клуб „Маскарада“ каде што вчера работници вршеа звучна изолација и заварување.

„Некои од градежните материјали беа влакнести и се запалија како факели, изјави претставник на противпожарната служба, според кого на објектот му недостига противпожарна опрема.

Дополнителна причина за трагедијата е и тоа што собата има само една влезна врата, без излез за итни случаи. Повеќето од луѓето внатре починале од задушување. Во моментот на инцидентот во зградата имало околу 60-70 луѓе.

Во писменото соопштение од Општина Бешикташ се наведува дека ноќниот клуб не побарал дозвола за реновирање, како што налага прописот. Исто така, се забележува дека објектот има лиценца од 1987 година, која е обновена во 2018 година поради промена на сопственоста.

Приведени се девет лица од управата на ноќниот клуб и неколку работници. Тројца од приведените имаат криминални досиеја.

Претставници на дипломатските претставништва на Германија, САД, Велика Британија и Делегацијата на ЕУ во Истанбул изразиле сочувство за жртвите од пожарот.

Продолжува обемната истрага за случајот. Во спасувачката акција за отстранување на заглавените во блокот учествуваа полициски екипи, пожарникари, медицински спасувачки екипи и возила на брзата помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно – Временска прогноза за 2.5.2024

Дејан Дејан

(ФОТО) Повеќе од 100 лица приведени за време на протестите во „Сити“ колеџот во Њујорк

Дејан Дејан

(ФОТО) Повеќе од 400-тини желки спасени во бурата во Јужна Африка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе