Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Не прифаќаме понуди од човек партија, граѓаните и поддржувачите на СДСМ ја препознаваат измамата која им се сервира од страна на „ЗНАМ“, се вели во реакцијата на социјалдемократите откако вчера Димитриевски постави услов за коалицирање во евентуална идна влада со СДСМ во кој тој побара оставка од раководството на партијата, а носителите и ко-носителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати..

„За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија, СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени“, се вели во одговорот на социјалдемократите.

Од СДСМ велат дека нема да прифатат условувања од било кого, бидејќи според нив се работи за иднината на државата, а со неа како што додаваат нема да тргуваат.

„Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ“, додаваат од партијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе