Полицајци со штитови и опрема за разбивање немири упаднаа во зградата на Универзитетот Колумбија, окупиран од пропалестински демонстранти.
Тие влегоа низ прозорците на објектот и уапсија десетици луѓе.
Само неколку блокови подалеку од Сити колеџот во Њујорк, демонстрантите се судирија со полицијата пред главната капија на јавниот колеџ.
На видео објавено на социјалните мрежи од новинарите на местото на настанот доцна во вторникот, се гледа како полицајците приведуваат некои луѓе и ги туркаат другите додека ги расчистуваат улиците и тротоарите.
Повеќето од апсењата се извршени во Колумбија, вклучително и дваесетина демонстранти за кои полицијата вели дека се обиделе да ги спречат полицајците да влезат во кампусот.
Џонас Ду, главен уредник на студентско списание во Колумбија, изјави за Си-Ен-Ен дека протестите на кампусот се поттикнати од студентите.
„Тешко е да се каже“ дали уапсените од салата Хамилтон во Колумбија биле студенти или лица надвор од институцијата, додава уредникот на „Колумбија Сандијал“.
Тој рече и дека препознал „голем број студенти од Колумбија во толпата“ кои формирале човечки синџири околу влезовите во Хамилтон Хол додека известувале за протестите.
Полицијата спроведе акции и во другите кампуси низ САД во последните две недели, што доведе до конфронтации и повеќе од 1.000 апсења низ целата земја.
Во поретки случаи, универзитетските претставници и водачите на протестите постигнаа договори за ограничување на нарушувањето на функционирањето на кампусот.