Вести Свет

Вулин, кој е под американски санкции, влезе во составот на новата српска Влада

Новата српска влада ќе го вклучи и поранешниот шеф на разузнавањето Александар Вулин, кој одржуваше блиски врски со Русија и се најде под американските санкции.

САД воведоа санкции против Вулин во јули минатата година, обвинувајќи го за вмешаност во шверц на оружје и за злоупотреба на јавна функција. Вулин потоа поднесе оставка на својата функција, а неодамна прими две одликувања од Русија.

Мандатарот Милош Вучевиќ, кој е претседател на Српската напредна партија, вчера ги објави предлозите за идните членови на владата меѓу кои се најде место и за Вулин.

Опозициското Движење на слободни граѓани рече дека со ваквиот чекор Србија номинално не е на европскиот пат.

Според нив номинацијата на Вулин најавува меѓународна изолација на Србија, конфликти во регионот, врски со Русија и воведување забрани за граѓански слободи во земјата.

Министер за одбрана ќе биде Братислав Гашиќ, а Ивица Дачиќ останува на функцијата министер за надворешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе