Вести Македонија

ЈСП денес вози по неделен возен ред, додека жичницата на Водно со 2 часа продолженост

Поради празнувањето на меѓународниот празник на трудот Први мај, ЈСП Скопје информираат дека  денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Спротивно на автобусите, Жичницата на Водно ќе работи два часа подолго, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортниот центар и во Ѓорче Петров. Распоредот за работа на Жичницата ќе се одвива во период од 10 до 20 часот, а последното возење е од 19 до 19 и 30. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичницата во период мај – септември.

По повод  денешниот празник  од „Паркинзи на општина Центар“ исто така известуваат дека ќе има измени. Паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на втори мај, односно четврток со вообичаено работно време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе