Се консумира така што се сместува меѓу усните и непцата каде што плунката ја раствора содржината на пакувањето. Наводно целта е за одвикнување од пушење, никотинските кесички се најпопуларни кај тинејџерите како алтернатива на цигарите. Но, иако забранет за малолетни лица, во главниот град може да го купи речиси секој.
Гадење, втоглавица, повраќање, треска, малаксаност, губење на телото се само дел од симптомите кои настануваат доколку пробате снус. Употребата на овој производ има силно влијание врз кардиоваскуларниот систем, го покачува крвиот притисок и ги оштетува крвните садови алармираат лекарите.
Младите се осетлива група која е многу лесна за маниплација,а одговорноста е на родителите за тоа што ќе користат младите вели психолот Мирјана Јовановска Стојановска.
Годинава во земјава се увезени 72 килограми никотински кесички, ни одговорија од царината. Тоа се вкупно 4800 кутии снус или вкупна вредност од околу 38 илјади евра на пазарот на мало. Бројките се само за легален увоз кој минал преку царината.
Дали и колку се шверцувале никотински кесички е тешко да се пресмета во Македонија. Од царината велат дека производот не е забранет за увоз и за продажба иако за него нема официјално одобрување за користење како например за цигарите. По иницијатива на Царината, владата на последната владина седница донесе одлука да се изготви анализа со која треба да се утврди дали никотинските вреќички се безбедни по здравјето на населението и корисниците. Меѓуресорскиот тим ќе го води Министерството за земјоделство, а покрај царината во таа работна група ќе има и претставници од Здравство, Економија, од Државниот н инспекторат за земјоделство и од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД). Тие ќе треба да ја донесат конечната одлука дали производот треба да биде во слободна продажба, па дури и во трафики пред училиштата или доколку се одобри на пазарот, како и за цигарите да има забрана за продажба на снус на помлади од 18 години. Тие пак во моментот најлегално може да го почувствуваат вкусот и мирисот од опасниот и нерегулиран снус.
Симона Петровска