Вести Свет Топ вести

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Припадниците на Федералната полициска управа уапсија три лица во Хаџиќи, кантон Сараево, поради нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ во Србија, објавува Klix.ba.

Акцијата на Федералната полициска управа следи по актот издаден од Интерпол Белград.

Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа ги лоцирале лицата преку ај-пи адресите на нивните компјутери. Тие тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче во Србија, односно барале 50 илјади конвертибилни марки (25.000 евра) за откривање информации.

Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Инаку сите уапсени се членови на исто семејство- Башар, Закуан и Мухамед Туфанкији, објавија медиумите во БИХ.

Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за тројцата кои се лишени од слобода е во тек.

Двегодишната Данка Илиќ која се води за исчезната од вторникот, 26 март, околу 13 часот во Бањско поле кај Бор, се уште не е пронајдена. Вчера попладне, по 27 часа, полицијата ја прекина теренската потрага бидејќи не верува дека девојчето се наоѓа на пребараниот простор од околу 10 квадратни километри.

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе