Вести Македонија

Општините ќе можат да пренаменуваат конфискувани дивоградби

Дивоградбите кои ќе се конфискуваат со правосилна одлука општините ќе имаат можност да ги земат во нивна надлежност и да ги пренаменат. Бесправно изградените објекти локалните самоуправи не ќе можат да ги продаваат, туку само да ги отстапат на други органи на власта, или на здруженија за заштита на социјално ранливи категории граѓани.

Доколку не го легализираат конфискуваниот објект, општините имаат рок од 6 месеци да го срушат. Овој член во Законот за конфискација на имот во кривична и прекршочна постапка, кој е донесен во Собранието, е по иницијатива на Општина Центар.

Овој закон не се однесува за дивоградби кои се на приватни земјишта за кои се водат постапки за уривање или се води постапка за легализација. Следни чекори се констатирање на дивоградбите кои ќе бидат зона на интерес, се работи за големи објекти кои носат профит кои се градат или се изградени на државно земјиште, вели Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центра.

Агенцијата за управување со конфискуван имот со одлука на Владата одземената дивоградба ќе ја предаде во надлежност на Општината на чија територија припаѓа.

Герасимовски додава  дека со новото законско решение, наместо огромни трошоци за уривање на нелегално изградените објекти, сега тие ќе можат да се пренаменат во пензионерски домови, клубови за млади, да се вдомат социјално загрозени семејства или да се користат за друго јавно добро.

Емилија Мисириевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Дејан Дејан

Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе