Вести Свет

Ако Украина загуби, Путин нема да застане тука, Зеленски предупреди од голема руска офанзива наредните месеци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската телевизиска и радио компанија Си-Би-Ес њуз соопшти дека во наредните месеци ќе започне голема руска офанзива и побара помош од партнерските земји за земјата да се подготви за тоа.

  • Ситуацијата на фронтот беше стабилизирана со приближувањето на пролетта, но зимските месеци беа предизвик за вооружените сили на Украина, рече Зеленски.
  • Ја стабилизиравме ситуацијата. Подобро е отколку што беше пред два или три месеци кога имавме голем дефицит на артилериска муниција и на различни видови оружје“, рече тој. – Всушност и не видовме голема, огромна контраофанзива од Русија… Немаа успех, рече Зеленски.

Сепак, тој предупреди дека голема руска офанзива се очекува кон крајот на мај или јуни и дополни дека украинската војска не е подготвена да се брани од уште една голема руска операција, без помош на партнерите.

  • И пред тоа, не само што треба да се подготвиме, не само што треба да ја стабилизираме ситуацијата, бидејќи партнерите понекогаш се навистина среќни што ја стабилизиравме ситуацијата, рече Зеленски за другите поддржувачи на САД и Украина. „Не, велам дека сега ни треба помош“.

Покрај тоа, Зеленски призна дека војната во Појасот Газа го префрли меѓународниот фокус – и помошта на САД – подалеку од Украина.

Зеленски предупреди дека ако Украина загуби, Путин нема да застане тука. Војната на Русија „може да дојде во Европа и во САД“.

  • За него, ние сме сателит на Руската Федерација. Во моментов сме ние, потоа Казахстан, потоа балтичките земји, потоа Полска, па Германија. Најмалку половина од Германија, оцени украинскиот претседател.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе