Вести Свет Топ вести

Пронајдена „црната кутија“ од бродот кој удри во мостот во Балтимор

Нуркачи од Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што вчера удри во мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор. Анализата треба да покаже дали т.н. контаминирано гориво било главна причина за губење на контролата над бродот. Поморските експерти велат дека контаминираното гориво може да биде причина за губење на струјата на бродот, бидејќи создава проблеми кај главните генератори на енергија на бродот.

Шест градежни работници кои се исчезнати по уривањето на мостот се претпоставува дека загинале. Во текот на ноќта спасувачките напори беа прекинати, а идентификуван е еден од исчезнатите 49 годишниот Мигел Луна, татко на шест деца од Ел Салвадор. Конзулатот на Гватемала во Мериленд соопшти дека двајцата исчезнати се државјани на Централна Америка. И мексиканските власти соопштија дека неколкумина нивни граѓани се водат за исчезнати.

  • Нашите срца се со семејствата. Ова е… Не можам ни да замислам колку беше болно денеска за овие семејства, колку беа болни овие часови за нив. Им ветивме кога се сретнавме дека ќе ги ставиме на располагање сите наши средства за да помогнеме ада ги пронајдеме членовите на нивните семејства- Вес Мооре, гувернер на Мериленд.

Товарниот брод изгубил струја и удри во главниот мост во Балтимор рано во вторникот, уништувајќи го за неколку секунди, по што се случи застрашувачки колапс, кој што може да го наруши функционирањето на пристаниште со месеци.

  • Овие бродови се придвижуваат од овие огромни, масивни дизел мотори и она што го видовме беше кога бродот ја загуби моќноста и целата струја се исклучи што значеше дека дошло до прекин на работата на  главниот погон за мотори- Д-р Сал Меркољано, професор по историја и инженерство, Американска трговска поморска академија.

Поради колапсот, на едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на Америка, сообраќајот е пренасочен на другите пристаништа што предизвика доцнења и зголемување на трошоците, кои се проценува дека ќе надминат 81 милијарда долари.

  • Пристаништето во Балтимор е едно од најголемите пристаништа во државата и е огромен економски двигател за регионот, но би рекол дека е огромен двигател на трговија на глобално ниво- Марк Конвеј, советник, градскиот совет на Балтимор.

Пристаништето во Балтимор е деветто по големина американско пристаниште за производи од странство, преку кое годишно минуваат околу 52 милиони тони роба. Мостот пукна и падна во реката Патапско во вторникот, околу 01:30 часот по средноевропско време, откако контејнерскиот брод Дали удри во него. Бродот изгубил струја и испратил повик за помош неколку моменти претходно – но возел премногу брзо за да го промени курсот. Претседателот Бајден рече дека американската влада ќе ги покрие сите трошоци за обнова на мостот.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе