Вести Македонија Топ вести

Клековски во „Топ тема“: Евроатлантската ориентација на ВМРО-ДПМНЕ е неспорна

Партиите ги исцртаа црвените линии, барањата на изборите. Со своја програма излезе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Дали го исцрта својот патоказ кон Брисел? Кои црвени линии постизборно ќе мора да ги заборави за да формира влада? На овие прашања во Топ Тема дебатираат Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и Андреј Петров од Извршниот одбор на СДСМ.

Според програмата на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на надворешно-политичките приоритети и цели, НАТО и ЕУ остануваат стратешка цел. Партијата не прифаќа уставни измени под сегашните услови и гледа решение во одложена примена на уставните измени, како и гаранција од ЕУ за македонскиот идентитет и јазик. Инсистираат да нема билатеризација на европската иднина на Македонија.

„Да нема никакви дилеми, евроатлантската ориентација на ВМРО-ДПМНЕ како на сите главни политички партии е неспорна. Прашањето е кој е патоказот и кој е  балансот на компромисот што треба да се направи“, изјави Клековски.

Клековски потсети дека дале повеќе опции коишто биле прифатливи за партијата. „Ако Бугарија не е спремна да покаже ниеден знак на добра волја во однос на Македонија, како ќе одиме по патеката без таа добра волја на Бугарија?“, праша Клековски.

„Првата беше премолчена од повеќето политички фактори во земјата, измена на уставот со преамбула по хрватскиот модел.  Втората опција е стапување на сила на измените на уставот со членството во ЕУ за да се оневозможат понатамошни уцени, односно Бугарија да биде мотивирана да го поддржи нашето членство во ЕУ. И третата опција беше знак на добра волја од Бугарија. Ние не бараме реципроцитет Македонците да се внесат во бугарскиот устав, бараме да се испочитуваат одлуките на Судот во Стразбур и да се дозволи слободно организирање и здружување на етничките Македонци“, додаде Клековски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе