Вести Македонија

Има уапсени за убиството на лекарот во Железара, се проверува и мотивот за злосторствата

Две лица за кои постои сомнеж дека се вмешани во убиството на лекарот од Железара се приведени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во подкастот “Претрес”.

Преземени се 20 истражни дејствија, прегледани се над 50 камери. Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски откри нови детали околу истрагата, според која било утврдено дека мотивот за убиството не е поврзан со професијата која што ја обавувал убиениот лекар.

-Во овој момет се постапува по наредба од судија во претходна постапка и се врши претрес на одредена локација. Има осомничени за предметниот кривичен настан. Има материјални докази кои не водат до овие дејствија. Две лица се приведени и се надевам дека наскоро ќе можеме да излезе со конкретни информации. Се надевам дека во утрешниот ден јавноста ќе биде известена за овој случај, преземени дејствија на МВР како и од јавниот обвинител, рече Тошковски во подкастот.

Лекарот Ацо Трпковски беше најден избоден и искрварен на паркинг пред поликлиниката Железара на 21.03.2023. Итната помош констатирала смрт на 67-годишниот колега.

Првично беше утврдено дека жртвата имал 9 убодни рани, а скопската полиција во текот на денешниот ден утврди неколку осомничени и лица кои може да понудат сознанија за убиството, по што, според информации на Телма обвинителството побарало од судот наредба за претрес на една локација.

Нови детали за убиството на 67-годишниот лекар во Скопје- го нашле избоден во автомобил

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе