Вести Македонија Топ вести

Нови детали за убиството на 67-годишниот лекар во Скопје- го нашле избоден во автомобил

Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на паркот Железара. Полицијата потврди дека синоќа околу 23 часот, синовите го нашле лекарот во автомобилот пред поликлиника Железара откако почнале да го бараат бидејќи не се вратил дома.

Откако го нашле повикале Итна помош и се обиделе да стигнат до поликлиниката. Кога Итната помош стигнала, лекарите не можеле да му помогнат на својот колега и констатирале смрт.

Лекарот имал ординација како матичен семеен лекар во поликлиниката Железара. Полицијата го истражува убиството.

Целосното соопштение на МВР:

На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почина лекар кој бил избоден со нож во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе