Вести Македонија Топ вести

Хаос со сметки за вода и комуналии- некои тетовци треба да платат огромни суми за февруари, бидејќи секој член од семејството добил по една сметка

На тетовчани им доаѓаат и по неколку сметки за вода и комуналии на исто име, освен за живеалишта дури и за подруми, гаражи, штали. Има случаи на пристигнати сметки на повеќе членови во исто семејство. Се жалат и на значително зголемување на цената, како и на тоа дека им се наплаќа потрошена вода без да биде прочитана состојбата на водомерот.

Се обратија во „ЈКП“ Тетово, револтирани и збунети од новонастанатата состојба, откако започна да фунционира јавното-приватно партнерство за менаџирање со отпадот и беше формирано ново претпријатие за вода. Од таму ги препраќаат во претставништвото на компанијата „Заубермахер“ во селото Палчиште.

Во писмениот одговор којшто го добивме од компанијата „Заубермахер“, која го врши издавањето на заедничката фактура за сите комунални услуги во општина Тетово по склучен договор со јавните претпријатија „Шари“ и ЈКП „Тетово“ се вели дека и кај нив граѓаните пријавуваат вакви случаи, а кои често се поврзани со услуги за кои, како што велат, компанијата не сноси одговорност, како вода и канализација, поради што подготвуваат упатство кое ќе биде споделено во наредните денови.

Потенцираат дека пресметка и утврдување на надоместоците за секоја комунална услуга, прават според одлуки донесени од Општина Тетово.

  • Во одлуката на Советот на општина Тетово за усвојување на Ценовник за собирање и транспорт на отпад на територија на Општина Тетово, стои дека цената за собирање на отпадот се утврдува по метар квадратен (m²). Со ова исто така нагласуваме дека сите катастарски податоци, за клиентите кои ги добиле првите фактури, поточно за месец февруари 2024 година, се обезбедени од Општина Тетово, согласно Договорот за Јавно-Приватно партнерство. Дополнително, на официјалната страна на Агенцијата за катастар на недвижности, јавно се достапни катастарските податоци кои се користени за пресметка во фактурите.

Но, од Општина Тетово денес не добивме став, иако пред неколку дена на социјалната мрежа фејсбук објавија дека и покрај тоа што е изменета методологијата за пресметка на отпадот, нема зголемување на цената по единица и повикаа граѓаните да се обратат во претпријатијата или во Општината за усогласување на податоците.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе