Вести Македонија Топ вести

Гир: Ја сакаме Северна Македонија во ЕУ, патот е практичен и остварлив

Амбасадорот Дејвид Гир ја расчисти маглата околу евроскептицизмот во земјата. Ниту е точно дека Европската унија (ЕУ) не ја сака Македонија како своја членка, ниту е точно дека земјата не е способна да биде членка на Унијата.

„Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и се приклучи на ЕУ или затоа што ЕУ не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од ЕУ. Ни едното ни другото не е точно. Сакаме Северна Македонија да биде дел од ЕУ патот е практичен и многу остварлив“, изјави Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во С. Македонија

Гир ја повика Македонија да се придвижи кон Унијата што е можно побразо, со исполнување на обврските од јули 2020-та.

Тој зборуваше пред останатите амбасадори на настан за одбележување на четри-годишнината од членството на Македонија во НАТО што го организираше министерот за надворешни Бујар Османи. По руската воена агресија во Украина проширувањето стана и безбедносно прашање, вели Османи и ја повикува Унијата да го забрза процесот.

„Демократските вредности и начин на живот ќе преовладаат ако има доволно политичка поддршка и заедничка акција на политичкиот Запад исто како и солидарност со оние кои ги прифаќаат истите вредности и бескомпромисно се залагаат за нив. Ова е причина повеќе за поголема динамика во европската и евроатлантската интеграција на регионот“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Македонија стана членка на НАТО пред четири години, отако се реши деценискиот спор со Грција околу името. Вицепремиерот за европски прашања вели земјата плати висока цена, но се има оправдување за големите политички жртви бидејќи беа вредни за граѓаните и за државата.

„Нашиот пат кон НАТО не беше лесен. Плативме висока цена. Но, имавме чувство за една возвишена цел која ја правиме и која ја работиме за членството во НАТО и членството во ЕУ“, рече Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.

Македонија уште еднаш ја потврди својата поддршка за Украина велејќи дека ќе ја поддржува онолку колку што е потребно. Во овој геополитички контекст, Османи смета дека политиката на отворени врати на НАТО и проширувањето се важни и за двата сојузи.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе