Вести Свет

(видео) Се урна мостот „Френсис Скот“ во Балтимор откако во него удри голем брод, се трага по околу 20 луѓе кои паднале во реката

Мостот „Френсис Скот“ во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера.

Целиот сообраќај се одвива по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени.

Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор.

Според досега достапните информации, во моментот на уривањето на мостот имало неколку работници, како и најмалку три возила. Се сомнева дека сите завршиле во реката.

Тимови за спасување работат на пронаоѓање на околу 20 луѓе кои можеби паднале во реката кога се урна мостот „Френсис Скот“, извести Кевин Картрајт, директор за комуникации на пожарникарската служба во Балтимор.

„За жал, вели тој во изјава за Си-Ен-Ен, имаме информација дека има околу 20 лица кои можеби се во реката Патапско, како и повеќе возила“.

Картрајт рече дека тимовите на американската крајбрежна стража, како и тим на нуркачи ја пребаруваат реката, температурата е околу пристаништето  е -1 °C.

 

Мостот се протега на реката Патапско и служи како најоддалечен премин преку пристаништето Балтимор.

Мостот, кој е отворен во 1977 година, го добил името по писателот на „Звезденото знаме“, пишува МТА на својата веб-страница, пренесува Си-Ен-Ен.

Се верува дека Френсис Скот Ки седел во близина на местото на мостот додека бил сведок на бомбардирањето на Форт Мекхенри во 1814 година, што го инспирирало да ги напише зборовите на американската национална химна.

Пристаништето Балтимор управуваше со повеќе од 52 милиони тони меѓународен товар во вредност од повеќе од 80 милијарди долари минатата година – деветтото по големина меѓу американските пристаништа, според веб-страницата на владата на Мериленд.

Градоначалникот на Балтимор, Брендон М. Скот на платформата X напиша дека службите за итни случаи се на местото на несреќата и дека почнале со работа. Сѐ уште не е јасно колку возила се наоѓале на мостот во моментот на несреќата. Исто така нема информации за евентуални жртви.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе