Вести Македонија Топ вести

Сѐ повеќе термини и издадени документи од МВР – министерот се пофали, заменикот тврди дека лажно се креирал хаос

Дневно се издаваат деветстотини лични карти во просек, во главниот град. Овие бројки ги сподели Министерството за внатрешни работи на социјалните мрежи.

Статистиката е за периодот од 10 до 24 март, посочуваат од МВР.

За две недели се издадени вкупно 12 ипол илјади лични карти, во подрачните полициски станици.

Пред тоа, накратко функционираше моделот со доставување на личните карти на домашна адреса. Според техничкиот министер Панче Тошковски, ова се покажало како неефикасно и поради истото се укина.

За само две недели доставени се вкупно 12.476 лични карти, односно во просек по 891 дневно. Тоа е четири и пол пати повеќе во однос на претходно кога за период од 50 дена, од 18 јануари до 9 март, биле доставени 10.100 лични карти, односно 202 дневно, порача министерот тошковски.

Во средината на март, техничкиот министер Панче Тошковски на социјалните мрежи објави слични информации, дека расте бројот на издадени пасоши во Скопје.

Вчера, пак, дополнителниот заменик во МВР, Митко Бојмацалиев, реагираше дека во изминатиот период се создала лажна слика дека во ресорот владее хаос.

Тоа беше една лажна вест која се пласираше во јавноста дека нема обрасци, дека има хаос, дека некој некого опструира. Никој никого не опструира. 400.000 обрасци од саботата се во магацините на МВР, се вели во дел од објавата на Бојмацалиев, на социјалните мрежи.

Од МВР објавија дека како резултат на реорганизацијата во управните служби, повеќе нема чекање за пасош по итна постапка во Скопје.

Оние кои ќе побарат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден.

Проблем останува печатењето на документите, бидејќи ограничен е капацитетот на машините.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе