Вести Свет

Путин ја обвини Украина дека е поврзана со нападот во концертната сала во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја обвини Украина дека е поврзана со нападот на концертната сала во Москва, пренесе Бета.

Путин во обраќањето до граѓаните по синоќешниот трагичен напад кажа дека сите четири лица директно вклучени во нападот се приведени и посочи дека при бегството се обиделе да ја минат границата во Украина.

Истото тврдење претходно го истакна и шефот на Федералната служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников, но доказите за тоа не се објавени.

Рускиот претседател додаде дека по вчерашниот терористички напад во целата земја се воведени дополнителни безбедносни мерки.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава (ИД), што го потврдија и американските разузнавачки агенции.

Официјален Киев остро ги демантираше ваквите тврдења на  руските претставници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе