Вести Свет

Конгресот на САД одобри воена помош од 228 милиони долари за Литванија, Летонија и Естонија

Конгресот на САД одобри паричен пакет воена и одбранбена помош во износ од 228 милиони долариза балтичките земји Литванија, Летонија и Естонија.

Естонскиот министер за одбрана, Хано Певкур, по повод најавениот пакет изјави дека „поддршката од САД значително им помогна на Естонија, Летонија и Литванија да забрзаат неколку проекти за развој на воената инфраструктура и одбранбените капацитети“.

-Овој пакет воена помош испраќа јасна порака дека САД, како најголем сојузник во НАТО, се посветени на безбедноста и стабилноста на нашиот регион, додаде тој.

Основана во 2020 година, Балтичката безбедносна иницијатива (БСИ) е иницијатива преку која Министерството за одбрана на САД го поддржува развојот на воените способности на трите балтички земји.

Фокусот на американското финансирање е на развојот на воздушната одбрана, подготвеноста за поморска безбедност и копнените сили во земјите од балтичкиот регион, а дополнителни 225 милиони долари помош од БСИ се доделени на трите земји во 2023 година.

Во декември минатата година, САД и Литванија, Летонија и Естонија договорија петгодишен план за соработка во областа на одбраната и националната безбедност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски мирно спие со сознанието дека се пропишани драконски казни за дела кои луѓето не ги направиле на 27 април?

Дејан Дејан

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе