Вести Свет Топ вести

Во Хаити владее безредие- САД ги повлекува своите граѓани

Насилство, бездомништво и глад. Политичкиот вакуум на Хаити кој настана по оставката на премиерот Арел Хенри и преодниот состав од седум члена, којшто требаше да ја преземе власта, но тоа никако да стане реалност, ја доведе безбедносната ситуација до анархија.

Ескалираа насилствата по улиците на главниот град Порто-о-Пренс, вооружени банди сеат смрт, од луксузните населби тие се префрлија во предградието.

Во безредијата кои започнаа на крајот на февруари кога вооружените напаѓачи запалија неколку полициски станици, кога беше затворен и меѓународниот аеродром на Хаити, а од затворите во кои упаднаа ослободија 4.000 затвореници. Голем број луѓе беа убиени, а околу 17.000 останаа без покрив над главата. Сега жителите се оставени на немислост на бандите, кои зад себе оставаат мртви тела по улиците.

  • Кога се разбудив да одам на работа, сфатив дека не можам да заминам бидејќи соседството беше во рацете на бандитите. Имаше околу триесет мажи со тешко вооружување. Ако соседството се мобилизираше, можевме да ги уништиме, но тие беа тешко вооружени, а ние не можевме да направиме ништо, вели Самуел Орелус, ѕидар.
  • Тој беше овде со мене вчера вечерта. Заминал да остави некого, а кога се враќал, го застрелале, а потоа го убиле со палење на гуми, рече Макенси Жан, таксист на мотор.

Додека жителите на Хаити засолниште бараат на северот на земјата каде веќе избегаа илјадници луѓе, Стејт департментот објави дека е завршена првата евакуација на американски граѓани од Порто-о-Пренс. Солзи, смеа и радост меѓу евакуираните Американци од Хаити кои со авион изнајмен од Одделот за управување со вонредни ситуации пристигнаа на Флорида.

  • Конечно се обединивме со Џулиен, нашиот двегодишен син. Беа потребни околу две и пол недели, така што деновите се претвораа во недели тимовите кои вложија напори да го направат ова успешно им благодарам многу, рече Филип Арман, татко на 2-годишно дете евакуирано од Хаити.

Извршниот директор на Одделението за управување со вонредни состојби на Флорида, Кевин Гатри, рече дека имало повеќе од 550 луѓе кои побарале помош за да го напуштат Хаити, а најголем број се жители на Флорида.

  • Очигледно само што видовте дека ги примивме првите 14 патници од Хаити. Тие полетаа од аеродромот Кап-Хаитиен и полетаа директно до меѓународниот аеродром Санфорд Семинол. Од денес, сакам да ви дадам неколку обновени броеви. Меѓу овие 14 патници има осум деца, како што видовте, шест возрасни, 378 од нив сега се жители на Флорида, објави Кевин Гатри, извршен директор на Одделот за итни случаи на Флорида.

Во меѓувреме Хаиќаните го чекаат формирањето на новото раководство со помош на карипските функционери кои помагаат во формирањето на преоден претседателски совет, кој ќе биде одговорен за назначување на привремен премиер и Совет на министри. Премиерот Ариел Хенри, кој остана надвор од Хаити кога аеродромите беа затворени, рече дека официјално ќе поднесе оставка откако ќе се формира Советот.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе