Вести Македонија Свет Топ вести

Светски ден на луѓето со Даунов синдром

Меѓународниот ден за подигање на свеста за Даунов синдром (ДС) е 21 март.

Овој ден Обединетите нации го одбележуваат од 2012 година.

Се паѓа на 21-виот ден од третиот месец во годината за „да укаже на уникатноста на трипликацијата (трисомија) на 21-от хромозом што предизвикува Даунов синдром“, објаснуваат организаторите.

Темата за оваа година е „Крај на стереотипите“.

Нејзината цел е да се бори против постоечките идеи за луѓето со Даунов синдром, што би можеле да бидат или што би можеле да работат.

Што е Даунов синдром?

Даунов синдром значи дека личноста е родена со дополнителен хромозом.

Оваа генетска состојба обично влијае на способностите за учење и физичките карактеристики на една личност.

Тоа не е болест, заболување или состојба со која некој може да се зарази.

Даунов синдром се јавува природно и нема позната причина.

Луѓето родени со него обично добиваат дополнителен хромозом случајно, поради промена на спермата или јајце клетката пред раѓањето.

Тој е присутен во сите делови на планетата и како резултат на тоа често има променливи ефекти врз стиловите на учење, физичките карактеристики и здравјето, според ОН.

Според организаторите на Светскиот ден на Даунов синдром, едно на секои 800 бебиња ќе ја има оваа состојба.

Постојат три вида: трисомија 21 (кој е најчест тип – каде што има три копии од 21-от хромозом), транслокација и мозаицизам.

Синдромот го добил името по д-р Џон Лангдон Даун, кој прв го категоризирал.

Пет знаци на Даунов синдром

Физичките знаци, според Американски центри за контрола и превенција на болести, вклучуваат: Сплоснато лице, особено коренот на носот; Очи во облик на бадем искосени нагоре; Краток врат; Една линија на дланката; Пониска висина кај деца и возрасни.

Може ли да се лекува Даунов синдром?

Овој синдром не може да се лекува.

Помош може да се укаже врз основа на физичките и интелектуалните потреби, силата и ограничувањата на секој човек.

Соодветниот пристап до здравствената заштита, програмите за рана интервенција и инклузивното образование, како и соодветното истражување, се клучни за растот и развојот на поединецот, велат од ОН.

Квалитетот на животот на луѓето со Даунов синдром може да се подобри со задоволување на нивните здравствени потреби, додаваат тие.

Ова може да вклучува редовни контроли со медицински професионалци за следење на менталното и физичкото здравје и обезбедување навремени интервенции како што се физиотерапија, работна терапија, логопед, советување или специјална едукација, објаснуваат експертите.

Ова го подобрува нивното учество во општеството и исполнувањето на нивниот личен потенцијал.

Многумина од нив успеваат да живеат добро, одат во редовни училишта и работат, а некои од нив се мажат и живеат самостојно.

Некои успеваат да обезбедат истакнати работни места, како што е Мар Галцеран во Шпанија, која е избран член на регионалното собрание на Валенсија на истокот на земјата.

Се верува дека таа е првиот човек со ваква состојба која влегла во европски регионален или национален парламент.

Тука е и Ели Голдстајн, која влезе во историјата како прва манекенка со Даунов синдром која ја краси насловната страница на магазинот „Вог“, и покрај тоа што лекарите рекоа дека никогаш нема да може да оди или да зборува бидејќи го има овој синдром.

Хајди Кроутер е британска активистка за попреченост која има Даунов синдром и го оспорува законодавството кое дозволува фетусите со оваа состојба да бидат абортирани сè до нивното раѓање.

Таа успеа да го поднесе сопствениот случај пред Европскиот суд за човекови права.

Таа тврди дека постојните правила се дискриминаторски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе