Вести Свет Топ вести

Лојд Остин го повика израелскиот министер за одбрана да разгледа алтернативи за копнената офанзива во Рафа

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го повика својот израелски колега Јоав Галант да разгледа алтернативи за копнената офанзива во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА.

Пентагон соопшти дека Остин вчера телефонски разговарал со Галант, при што нагласил дека Израел треба да разгледа други опции освен голема копнена операција во Рафа.

Американскиот секретар за одбрана повтори дека итно мора да се преземат дополнителни мерки за заштита на цивилното население и обезбедување на безбедноста на американскиот воен персонал кој гради привремено пристаниште на брегот на Газа. Остин, исто така, се заложи за повеќе можности за транспорт на помош преку копно.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера во видео порака рече дека подготовките за таква офанзива ќе потраат „некое време“. Тој објасни дека му рекол на американскиот претседател Џо Бајден во нивниот последен телефонски разговор дека не е можно „да се извојува победа без да влезат израелските одбранбени сили (ИДФ) во Рафа за да ги елиминираат остатоците од баталјоните на Хамас“.

Нетанјаху, исто така, повтори дека веќе го одобрил оперативниот план на ИДФ за Рафа. „И наскоро ќе го одобриме и планот за евакуација на цивилното население од борбените зони“, додаде тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Пет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фабрички погони се оштетени – торнадо во Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе