Вести Македонија Топ вести

Плата ќе има, но протестот на вработените во Македонски пошти ќе продолжи

Плата ќе има, протестот ќе продолжи, а на потег Владата да ги спаси вработените во Македонски пошти. Синдикалците не се откажуваат од нивните барања, бидејќи како што велат, стравуваат дека во иднина ќе им се повторат проблемите.

„Финансиската состојба на Македонска пошта е сериозно загрозена. Не обезбедуваме доволно средства за плата. Неколку години обезбедуваме средства преку кредити и позајмици. Дојде момент да веќе нема од каде да обезбедиме средства. Затоа бараме Владата како сопственик да се заложи за реформи и обезбедување финансиски средства за тековно работење“, вели Боро Велигденов претседател на синдикат на Македонски Пошти.

Со двочасовен протест револтот на вработените и денеска го изразија пред нивните работни места. Иако добиле ветување за исплата на плата не се откажуваат од намерата за штрајк.

Нова систематизација, нов колективен договор, реонизација на поштенските реони, технолошка модернизација како и измени во законот за поштенски услуги и редовна исплата на плата се дел од барањата на синдикалците.

Вчера и од кабинетот на директорот на Пошта посочија дека компанијата не е во добра финансиска состојба и заедно со Владата ќе бараат одржливо решение во корист на вработените. Телма побара став од Владата дали ќе излезе во пресрет на ова акционерско друштво а одговор најавија во текот на денот.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе