Вести Македонија Топ вести

Мизо во „Топ тема“: Економска логика и причина не секогаш се причина за корозивниот капитал, може да биде желба за креирање на влијание или влез во стратешки сектори

Корозивниот капитал би бил капитал каде што економската логика и економската потреба не е причина заради кои некој доаѓа да инвестира кај нас, туку сака да креира некаков вид на друго влијание, политичко влијание или пак да навлезе во некакви стратешки сектори, рече Виктор Мизо, директор на Костел, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Стратешки сектори можат да бидат критична инфраструктура. Тука може да влегува патна, железничка, ИТ инфраструктура. Тука може да влезе се што е поврзано со одбранбената индустрија, без разлика дали се системи кои се користат како одбранбени системи или, пак, производство на оружје или телекомуникациски системи. Тука може да влезат и медиумите. На кој начин може некој да купи концентрација на повеќе медиуми и на тој начин, преку користење на тие медиуми, директно да влијае на она што е јавното мислење, да се дефинира кои се главните теми на кои секоја вечер ќе се дискутира на вести на еден или на друг начин“, посочи Мизо.

Историски гледано, истакна Мизо, огромен процент на инвестиците кои доаѓале кај нас биле од западна Европа и од Северна Америка.

„Имаме многу помалку инвестии или речиси не многу инвестиции од оние авторитативни држави, како Русија, како Белорусија, Кина и слично. Но, за нас, сето ова има многу поголема важност откако станавме членка на НАТО од една страна и откако се случи 24 февруари во 2022 година. Со нападот врз Украина од страна на Русија, сите оние геополитички, геостратешки влијанија, драстично придонесоа на кој начин сето ова треба да се проверува, бидејќи знаеме дека САД имаат ваков систем на проверка на инвестиции повеќе од 50 години. Во Европа некои земји имаат, некои немаат. Сега и ние, иако не сме во Европската Унија, но како членка на НАТО имаме неопходност да се адаптираме на овиер потреби“, додаде Мизо.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе