Вести Македонија Топ вести

Колку злоупотреби со социјална помош за возачи на автомобили има во Социјално? – судир меѓу министерот и заменичката во МТСП

Над 2.200 лица примале минимална гарантирана помош и социјална пензија, иако таа не им следувала, обвинува техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски. Тој појасни дека еден од условите за добивање на таа помош е да не се поседува возило, но дел од граѓаните иако имале возило аплицирале и добиле помош. На документите навеле дека немаат возило, но инспекциските служби сега го утврдиле спротивното.

„За појаснување на ситуацијата за јавноста, се работи за над 2.200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило, а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство. При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, меѓутоа необјасниво е како службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на министерството“, обвинува техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

Велковски смета дека во ова се вклучени повеќе сторители и се надева дека набрзо ќе бидат откриени бидејќи со овие незаконски исплати државниот буџет е оштетен за повеќе од 18 милиони денари месечно.

„Инспекциските служби на Министерството веќе постапуваат. По добивање на нивните извештаи ќе се обратиме до сите надлежни иснституции за да се лоцира одговорноста и да се преземат сите потребни мерки за оваа ситуација“, додава Велковски.

Од кабинетот на дополнителната заменичка министерка Јована Тренчевска ги демантираат сите обвинувања на Велковски. Велат дека до денес сите случаи каде што е утврдено дека корисникот дал лажни инфрмации за поседување на имот, правото на социјална заштита се укинува и корисникот ги враќа парите.

„Тренчевска во јануари потпиша меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи за размена на податоци за поседување на моторно возило во реално време. Ваквиот меморандум кој стапи на сила од февруари е мерка за превенција од злоупотреба на системот за социјална заштита. Изминатите 50 денови министерот Велковски со јавноста не сподели ниту еден релевантен статистички податок, ниту еден факт и ниту една теза до денес не ја одбрани со аргумент. Вакви се кадрите на ДПМНЕ, без решенија и без конкретни знаења“, возврати Јована Тренчевска, дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика.

Право на Гарантирана минимална помош и на социјална пензија може да добијат материјално необезбедени домаќинства кои немаат во сопственост имот и имотни права од кои можат да се издржуваат.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе