Вести Македонија Топ вести

Јовановски во „Топ тема“: Зад корозивниот капитал најчесто стои странска држава која не ја интересира профит или загуба, туку влијание

Скрининг механизмот за странски директни инвестиции е проект којшто го води Институтот за демократија „Сосиете Сивилис“ и финансиран е од САД. Прашање е што сакаме на краток рок и на подолг рок, истакна Зоран Јовановски, експерт, во вечерашната дебата на „Топ тема“ на ТВ Телма.

„На краток рок, ако запреме некоја инвестиција која со себе носи корозивен капитал и зад која најчесто стои странска држава. Таа преку некого вложува во земјата, неа не ја интересира профит или загуба, туку влегува за да стекне, наметне свое влијание“, изјави Јовановски.

Јовановски го објасни тоа преку пример со медиумите.

„Тоа значи да дојде некој во Македонија и да праша кои се телевизиите. Утре Телма, Сител, Алфа итн. ги купувам сите. Може ли тоа да се дозволи? – Смее ли тоа да се дозволи, бидејќи од утре тој ќе го креира јавното мислење во земјата. Бидејќи тоа е како ‘рѓа, нешто како корозивно за системот, ги слабее институциите, ја зголемува корупцијата, се намалува владеењето на правото, доколку го има се разбира, и во такви околности, амбиентот во кој што работат сите фирми во земјата станува полош. Апсолутно за сите“, рече Јовановски.

Тој илустративно го дообјасни тоа со пример „како во чиста река да влегува чист поток чија вода е кафеава и загадува“.

„Целта е да се оневозможи некој да го прави амбиентот за работа полош одошто е во моментот, поризичен во секој поглед. И на краток рок, можеби некоја инвестиција која што нема да помине и нема да придонесе да се загадува просторот, може ќе значи останување со помал влез на странски инвестиции, меѓутоа на подолг рок ќе ја добиеме и таа една афирмација во очите на странските инвеститори дека сме ревносни во тој поглед, внимаваме, сакаме амбиентот за работа да го направиме добар и да го држиме добар. На подолг рок тоа ги привлече повеќе странски инвеститори и тие ќе бидат од оние со некорозивен капитал“, вели Јовановски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе