Вести Свет Топ вести

(Видео) Падна „Илјушин Ил-76“ со 15 луѓе во Русија – ниту еден не преживеа

Руските власти соопштија дека еден од товарните воени авиони од типот „Илјушин Ил-76“, со 15 луѓе, се урнал кратко по полетувањето поради пожар во еден од моторите, објави „Ројтерс“.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека несреќата се случила во регионот Иваново, а руските портали, според прелиминарните податоци, објавија дека нема преживеани. Агенциите наведуваат дека во авионот имало седум патници и осум членови на екипажот.

„Ројтерс“ објави дека на непотврдените видеоснимки на социјалните мрежи се гледа како авионот паѓа со еден запален мотор. Потоа се гледа како се издигнува темен чад додека над местото на несреќата кружи хеликоптер.

Руската државната агенција ТАСС наведува дека авионот паднал околу 13 часот во областа Иваново, додека бил на рутински лет. Очевидец за ТАСС изјави дека „Илјушин Ил-76“ паднал во близина на селото Богородское. При падот, авионот не предизвикал никаква штета на земја.

Ова е втор „Илјушин Ил-76“ кој падна од почетокот на годината. Украинските вооружени сили соборија еден со 74 патници на 24 јануари, пренесува ТАСС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе