Вести Култура Топ вести

Вработените во МКЦ утре на состанок на синдикалната организација ќе бараат решение за избрканите хонорарци и за неспроведувањето на програмата за работа

Младинскиот културен центар без вообичаената раздвиженост , од 1 март. Не работи кафулето, затворена е продавницита за плочи „ Апотека“, нема предавања во Планетариумот, не се организираат прослави на детски родендени, ниту пак театарски претстави. Причина- непродолжените договори од страна на директорот Шаќири на 30 лица кои хонорарно биле ангажирани во МКЦ.

Вработените во МКЦ утре на состанок на синдикалната организација ќе бараат решение за престанокот на активностите, откако директорот Арбен Шаќири доби известување од ДКСК дека додека трае изборниот процес противзаконски е потпишувањето нови договори со кои ќе се оштети буџетот. И затоа не им ги продолжи договорите на хонорарците. Вработените кои бараа да останат анонимни, стравувајќи за нивните работни места, велат дека ваквата одлука на Шаќири покажува дека тој нема искуство за функцијата што ја врши зашто договорите кои се прекинати не се поврзани со користењето буџетските средства, туку се однесуваат на соработници кои преку работата остваруваат приходи за МКЦ и од нив се исплаќаат.

  • На состанок на синдикалната организација на МКЦ утре ќе се разговара за да се известат надлежните институции за новонастанатите проблеми, во насока на изнаоѓање решение, велат вработени во МКЦ кои сакаа да останат анонимни.

МКЦ досега се соочил со многу изборни процеси  во кои биле ангажирале лица, согласно законските насоки. Институцијата лани е доведена во незавидна финансиска положба и без програмата која носи приход, е невозможно да се намалат милионските долгови , направени за кратко време. Во новонастанатата ситуација делумно ќе работи киното „ Милениум“ во ГТЦ и ќе се одржат два од порано закажани концерти , но исплатата за нив ќе биде по изборите, дополнуваат од МКЦ.

Зошто не се продолжени договорите на хонорарно ангажираните кога не задираат во буџетот, дали Шаќири одбил да ги продолжи договорите и покрај сугестиите да го стори тоа откако дошол за директор, кому му одговара МКЦ да не прави профит кога има финансиски проблеми, се прашањата кои му ги испративме на директорот, но одговори не добивме до емитувањето на прилогот.

Прва видлива активност на Арбен Шаќири беше отстранувањето минатиот месец на препознатливиот белег на МКЦ- стихот „ Ние сме од Скопје“, од фасадата на објектот . Иако беше најавено, и тогаш не добивме одговор зошто е сторено тоа.

Шаќири беше назначен за директор на МКЦ во јануари, со одлука на градоначалничката Данела Арсовска. За претходниот в.д. директор, Никола Алексов , Управниот суд во два наврати пресуди дека е незаконски назначен. Тој дојде на функцијата откако беше разрешен Ванчо Богоев, кој одби да го вработи Шаќири во МКЦ.

Сотир Трајков

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе