Вести Македонија Топ вести

За 35 отсто се намалува цената за потрошена топлинска енергија за деловните корисници во град Скопје

Парното поевтинува, но не за граѓаните. Градинките, училиштата, деловните објекти, малите дуќани во главниот град и дел од скопските општини кои се приклучени на градско парно, за февруари ќе добијат за 35 отсто пониски сметки за топлинска енергија. Првиот регулатор Бислимовски вели поради тоа што се намалени трошоците за природен гас се отвара простор да се направи ваква корекција во цените кај  овие потрошувачи.  Домаќинствата пак ќе го чекаат  јули.

„Во екот на најголемата  криза,  овие потрошувачи не  добиваа субвенција од државата и сега  да им помогнеме затоа што се отворени  услови за тоа“, изјави Бислимовски.

Од РКЕ објаснуваат дека корекција во цената и за домаќинствата сега не може да се направи затоа што затоа 20 отсто од овие сметки се субвенционирани. Државата веќе префрлила пари за оваа намена во ЕСМ.  Но, ако се задржат овие цени на гасот, во јули кога вообичаено се прави корекцијата, можно е да има поевтинување  на парното и за граѓаните.

„Ако бидат исполнети условите ќе пристапиме и кон носење нова одлука и кај цената на домаќинствата. И ако останат цените вакви може да се очекува“, додаде Бислимовски.

Бислимовски вели дека цената на гасот на домашниот пазар сѐ уште е повисока во однос на берзата. ЕСМ количините на гас претходните месеци ги обезбедуваше од бугарската фирма Грејстон, за март ќе ги испорачува  Соле 24.

Во екот на енергетската криза дел од потрошувачите кои сега ќе добијат поевтино парно,  добија можност за поевтина струја преку ЕСМ Продажба. Тука беа  училиштата, водостопанствата, стопанските субјекти од прехрамбената индустрија.

Дел од општините пак спасот од скапата струја, во кризата го најдоа на регулираниот пазар, каде се снабдуваат домаќинствата. А иста шема направија и големи познати компании.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе