Вести Свет Топ вести

Путин: Без силна Русија нема стабилен светски поредок

„Русија е столбот на демократијата и нема да дозволи мешање во внатрешните работи, без  силна и суверена Русија, не може да постои стабилен светски поредок“ – порача шефот на Кремљ Путин во говорот за состојбата на нацијата. Според него, Москва не ја почнала војната во регионот Донбас во 2014 година, но ќе презеле сѐ што е потребно за да заврши и да го искоренат, како што вели, „нацизмот“.

„Секое обраќање пред федералното собрание, пред сѐ, претставува поглед кон иднината. Денеска не зборуваме само за нашите сегашни планови, туку и за стратегиските задачи, за прашањата чиишто решенија ги сметам за исклучително важни за стабилен, долгорочен развој на земјата“, изјави Путин. 

Путин изрази надеж за т.н.„нови точки за контакт“ со арапските, јужноамериканските и африканските земји. Од почетокот на војната, Русија се соочи со серија санкции од Европа, Обединетото Кралство и од Соединетите Американски Држави

За две недели во Русија се одржуваат претседателски избори на коишто Путин ќе се кандидира за уште еден шестгодишен мандат.

Настанот е пропишан и со Уставот во Русија и со него се претставуваат годишните пораки за состојбата на нацијата и насоката на политиките. Говорот, што се одржува по 19. пат, беше откажан во првата година од руската инвазија во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе