Вести Македонија Топ вести

Бакиу во „Вин-Вин“: Ако ДУИ навистина сакаше Албанец за претседател, слободно можеше да го поддржи Таравари

Мора да се направи разлика меѓу Албанци и ДУИ-зирање на работите. Камелеонските ставови на ДУИ се директно поврзани со претседател на државата, истакна Башким Бакиу, шеф на изборниот штаб на кандидатот за претседател на албанската опозиција, Арбен Таравари, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Прв што излезе со предлог Албанец за претседател на државата беше токму Таравари. Сосема е легитимно, сосема е праведно, сосема е нормално да се прати таква порака или да се даде таков предлог. Особено за Таравари кој извонредно ја менаџира општината во западна Македонија која што е мултиетничка и мала слика на државата“, нагласи Бакиу.

Утредента, по предлогот на Таравари, Бакиу рече дека ДУИ се обиде да ја албанизира.

„Затоа реков дека одредени работи се ДУИ-зираат. ДУИ знае кога почнува кампањата да се албанизира, со реторика за Албанците. Меѓутоа веднаш може да се трансформира во „зелена“, кооперативна, комуникативна, со коалиционите партнери и на крајот се обидува сето тоа што е легитимно барање на било кој Албанец, па зошто да не биде и претседател, они да го присвојат и истото тоа да го трансформираат, да го предложат како албанско“, истакна Бакиу.

Според него, граѓаните се згрозени од сликите кои што ги гледаме како функционираат институциите во кои што е ДУИ.

„Во одредени институции се игра фудбал, во одредени има пепељари за цигари, виски се пие. И тоа е израз и желба на еден Албанец да биде така претставен. Што се однесува до последните два цисклуса на претседателски избори, актуелниот претседател Пендаровски, кој што беше кандидат за претседател во 2014 година, за ДУИ не беше консензуален. Направија се што направија за да го поддржат кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, во случајот Иванов. За пет години подоцна, истиот кандидат, имаше и кандидат Албанец, ДУИ да пренесе порака „не ни треба кандидат Албанец, туку ни треба консензуален“. Да сакаше ДУИ навистина да поддржи кандидат Албанец, слободно можеше да го поддржи Таравари“, изјави Бакиу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе