Вести Свет Топ вести

Трамп ја „прегази“ Хејли и во Мичиген – прогноза на „Си-Ен-Ен“ и „Ен-Би-Си“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на републиканските претседателски прелиминарни избори во државата Мичиген, јавија „Си-Ен-Ен“ и „Ен-Би-Си“ врз основа на нивни прогнози.

Ривалката на Трамп, Ники Хејли, претрпе пораз. Тие имаа 30 процентни поени разлика по 10 отсто преброени гласови.

Трамп и Хејли водеа уште еден дуел за номинација на нивната партија во државата со околу 10 милиони население пред претседателските избори во ноември.

Секој што сака да стане претседателски кандидат во САД мора прво да победи на внатрепартиските прелиминарни избори. Кандидатите потоа официјално се избираат на партиските конвенции во лето. Конвенцијата за номинација на републиканците се одржува во средината на јули, потсетува ДПА.

Хејли (52), која се смета за малку поумерена политички и реторички од нејзиниот ривал, веќе загуби од Трамп на прелиминарните избори во Ајова, Њу Хемпшир и Јужна Каролина.

Таа практично повеќе не се смета дека има шанси да го победи Трамп (77) во трката за републиканската номинација кој има силна поддршка меѓу партиската база.

И американскиот претседател Џо Бајден очекувано победи и на прелиминарните избори на Демократската партија во Мичиген, според прогнозите на американските медиуми. Демократот нема сериозна конкуренција во својата партија во трката за кандидатурата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Петнаесет работници загинале, 93 биле повредени на работни места лани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе