Вести Свет Топ вести

Шолц: Земјите на НАТО и на ЕУ нема да испраќаат копнени сили во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека западните земји нема да испраќаат копнени трупи во Украина, отфрлувајќи го неодамнешниот предлог на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Она што е договорено на почетокот, важи и за иднина. Тоа е дека на украилско тло ќе нема копнени единици со војници кои таму ќе испратат европските земји или државите на НАТО“, рече Шолц по посетата на Фрајбург.

Тој додаде дека и „војниците кои се активни во нашите земји, нема активно да учествиваат во војната“.

Шолц го потврди долгогодишниот став на западните сојузници треба да се воздржат од било какви чекори кои би можеле да доведат до директен судир меѓу Русија и НАТО.

Коментарите на германскиот канцелар доаѓаат по еден ден од предлогот на Макрон за испраќање на западни копнени сили во Украина, како поддршка за Украинците во одбраната од Русија.

Германија во моментот е втор најголем добавувач на оружје за Украина по САД. Од почетокот на руско-украинската војна во февруари во 2022 година, Германија испорачала оружје во вредност од 17,13 милијарди евра, вклучувајќи хаубици, тенкови, оклопни транспортери и системи за противоздушна одрбана.

Но, Шолц го одби барањето на Украина за испорака на моќните ракети со долг домет „Таурус“ поради загриженост дека би можеле да се користат за напади врз цели во Русија, со што Германија потенцијално би била вовлечена во војна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе