Вести Свет

Обвинет за „кршење на јавниот ред“ – уапсен адвокатот на Навални кој и помагаше на мајка му да го преземе телото

Адвокатот Василиј Дубков, кој го застапуваше починатиот опозициски лидер, Алексеј Навални и ја придружуваше неговата мајка во минатата недела додека апелираше до властите да и го предадат телото, е уапсен денеска во Москва, јавуваат руските медиуми.

За апсењето на Дубков, кое е реализирано под обвинение за „кршење на јавниот ред“, прв објави независниот руски весник „Новаја Газета Европа“.

Дубков беше клучен играч во настојувањата за враќање на телото на Алексеј Навални кај семејството, по неговата смрт на 16 февруари во казнената колонија ИК-3 на Сибир, откако му се слошило за време на дневна прошетка.

Руските власти, според поддржувачите и семејството на Навални, одбиле да го предадат неговото тело на мајка му Људмила да го погреба, освен ако не се согласи на приватна церемонија. Официјален Кремљ негира уцени од таков вид кон ожалостеното семејство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе