Вести Свет Топ вести

Рускиот пилот, кој пребегна во Украина со хеликоптер, е убиен во Шпанија

Максим Кузминов, руски пилот на хеликоптер кој пребегна во Украина, е убиен денеска во Шпанија, соопшти украинската воена разузнувачка служба, пренесува „Украинска правда“.

Тој, како што се наведува, е застрелан од огнено оружје. „Киев Индепендент“ објави дека Кузминов стигнал до наслвните страници во украинските медиуми, откако спуштил нечепнат хеликоптер Ми-8 во Украина и се предаде на властите.

Андриј Јусов, портпарол на украинската воена разузнувачка служба, рече дека Кузминов подоцна примил исплата од 500.000 долари како награда за пребегнувањето со хеликоптер.

Тој истакна дека самиот Кузминов ја контактирал украинската страна и оти му биле ветени безбедносни гаранции за него и семејството и дека ќе добие пари и нови документи од Украина доколку пребегне. Кузминов рече дека неговите родители ги одобриле плановите што го имал и му се придружиле во Украина.

Цитирајќи извори од украинската воена разузнувачка служба, „Украинска правда“ наведува дека Кузминов одлучил да се пресели во Шпанија, но таму бил пронајден мртов во стан. Во близина е пронајден и запален автомобил за кој се верува дека убиениот го користел.

Јусов ја потврди смртта на Кузминов за украинските медиуми, без да наведе многу детали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе